Стефановски по хет-трик во Шпанија

Од:

Најдобриот македонски автомобилист и евроспки шампион викендов на исклучително тешката патека во Шпанија најавува нов триумф.

Пиринејската авантура на најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе почнува викендов (9-10 мај) со третата трка од Европското првенство на ридски патеки на патеката Субида ал Фито на крајниот северозапад на Шпанија во близина на градчето Ариондас во провинцијата Астурија. Победите во првите две трки го подгреваат оптимизот за одбрана на европскиот трон, особено тримфот во Австрија кој беше остварен со неисправно возило, на кое при редовниот сервис во Полска му беа дијагностицирани недостатоци во турбот и во диференцијалите.

Стефановски со малата екипа и неговиот сега целосно подготвен Mitsubishi Lancer Evo IX со нетрпение ја очекуваат трката во Ариондас. Иџе веќе има искуство на оваа патека, која според неговите зборови е исклучително тешка и не простува грешки.

– Ова е најтежок дел од сезоната од логистички аспект. Првин имаме патешествие од 3.500 километри до Шпанија, а потоа уште една врзана трка 7 дена подоцна во Португалија. Затоа мораме да ги земеме во предвид многу фактори и евентуални случки. Дополнително, од објективни причини ќе патувам без мојот механичар Тихо Матевски што секако дека ќе биде голем хендикеп – изјави Иџе пред тргнувањето за Шпанија.

Патеката во Шпанија му е во пријатно сеќавање на Иџе. Минатата година таму дојде до импресивен триумф, целосно ја растури конкуренцијата во својата група и го собори рекордот на патеката за возила од групата Н.

– Патеката е многу тешка. Оградите се веднаш до асфалтот и ти се чини дека возиш низ тунел, што значи дека и најмалата грешка може да те исфрли од конкуренција. Лани патеката ми „легна“, одлично ги одработев свиоците во кои нема премногу внатрешен или премногу надворешен влез, поради што задниот дел од возилото мора да е стабилен при излезот од свиокот. Со поинаков стил на возење и максимална концентриција стигнав до победа и до рекорд на патеката. Ќе се обидам повторно да бидам на највисоко ниво и со нов рекорд и пехар да се вратам од Шпанија – вели Стефановски.

Патеката Субида ал Фито е долга 5,3 километри. На програмата се три трки, една в сабота и две в недела, а за пласман се сметаат двете најдобри постигнувања од трите возења.

Вкупно на трката ќе се појават 130 возила кои освен за Европскиот шампионат ќе возат и за националното првенство на Шпанија. Во групата N, во која се натпреварува Стефановски, има вкупно 6 пријавени возачи од Шпанија, Чешка и Србија.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски