Стефановски дисквалификуван

Од:

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски е дисквалификуван и остана без второто место во групата N на трката од Европското првенство на ридски патеки одржана во Бузет, Хрватска.

Организаторот позитивно одговори на жалбата на хрватскиот возач Дамир Машиќ за техничката неисправност на возило на популарниот Иџе и на тој начин му овозможи на својот автомобилист да се најде на третото место во генералниот пласман на ЕП на ридски патеки.

Причината за дисквалификацијата, според Стефановски и неговиот тим, е банална, поради извадената перка од уредот за климатизација во возилото.

Одлуката на техничката комисија е тенденциозна и со цел да му се помогне на Машиќ. Хрватскиот автомобилист се жалеше дека е извадена перката од клима уредот, иако според хомологација натпреварувачите имаат право да го извадат уредот. Домашонто жиро беше наклонето кон својот возач и реши да ме дисквалификува. Драмата околу пласманот траеше скоро до полноќ, по што организаторите во Бузет ми дадоа ултиматум до 1 часот да уплатам 800 евра и да поднесам жалба до ФИА доколку сакам да го задржам пласманот – вели Стефановски.

Најдобриот македонски возач реши да не се жали до повисока инстанца и остана без најдобриот пласман на еден македонски автомобилист во едно натпреварување од Европскиот шампионат. Со оглед дека Стефановски пропушти поголем дел од ЕП и во Бузет допатува со желба да види дали може рамноправно да се натпреварува со најдобрите на Стариот континент и без шанси за висок пласман во генералниот пласман, тој и неговиот тим одлучија да не прават дополнителен финасиски трошок со поднесување жалба до ФИА.

Второто место во Бузет и одличното време покажаа дека Стефановски има квалитет и автомобил со кој следната година може да се вмеша во битката за европската титула. Со малку поголема финасиска помош од спонзорите и државата Македонија има убави шанси во блиска иднина да го слави првиот европски шампион во автомобилизам.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски