Стефановски – втор во Бузет

Од:

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски го освои второто место во групата N на трката од Европското првенство на ридски патеки одржана во Бузет, Хрватска. Тој имаше само 0,28 секунди послабо време од победникот и нов европски шампион Томислав Мухвиќ од Хрватска.

Во група N настапија 25 возачи, а популарниот Иџе во првото возење патеката ја мина за 2:44.595 минути, една секунда послабо од Мухвиќ, додека во второто возење постигна најдобро време во група N од 2:43.683 минути. Зад најдобриот македонски возач останаа конкурентите за шампионската титула Чесите Лукас Војачек и Јиржи Лос.

Во севкупен пласман, Стефановски е 13-ти од 127 возачи кои ја завршија трката во Бузет, односно трет во конкуренција на автомобили, без формулите и прототипите. Со овој пласман Стефановски го постигна најголемиот успех во историјата на македонскиот автомобилизам.

На трката во Бузет настапија уште двајца Македонци. Крсте Трајковски со Фиат Ритмо го освои седмото место во група Е1, 35-то во генералниот пласман и Виктор Давидовски, кој со Honda Civic Type R стигна до 14. место во група N и 49. позиција во генералниот пласман.

 

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски