Дефанзивецот Стефан Лихштајнер го напушти Аугзбург.
Ова го објави самиот фудбалер на својот Твитер профил.
„Благодарам драги фанови за поддршката. Благодарност до мојот тим. Беше забавно со вас. Ви посакувам се најдобро за иднината“, напиша Лихштајнер.
Дефанзивниот играч беше дел од бундеслигашот од летото 2019 година.
Во сезоната 2019/2020, тој настапи на 20 натпревари во германскиот шампионат.