Стеф Кари трет на вечната листа според постигнати тројки

Од:

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари на четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на Западната конференција против Њу Орлеанс постигна четири тројки од девет обиди и значително придонесе за победата на неговиот тим од 118:92.

Голден Стејт се на чекор од пласман во финалето, а Кари се најде на вечната листа според постигнати тројки во плејофот пред Ману Џинобили од Сан Антонио.

Кари со 326 постигнати тројки сега се наоѓа на третата позиција на листата, а пред него се Леброн Џејмс со 346 и Реј Ален со 385 тројки.

Кошаркарот на Голден Стејт неодамна се врати на терен по заздравувањето на повредата на коленото, а оваа сезона просечно реализира по 26,4 поени, 6,1 асистенции и 5,1 скок.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот