Стеф Кари ќе го зајакне Голден Стејт за вториот дуел со Њу Орлеанс

Од:

Плејмејкерот на Голден Стејт, Стеф Кари очекува да игра во вториот натпревар со Њу Орлеанс од полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата.

Кари, кој ги пропушти последните 15 натпревари за „воините“ поради повреда на левото колено, тренира со полна сила во последните денови и изјавил пред новинарите дека очекува да биде во тимот за натпреварот во вторник.

– Ако беше до мене, јас би играл околу 20 минути. Засега планот е да играм во вторник, но тоа најмногу зависи од тренерот, рече двократниот победник на наградата „МВП“.

Во отсуство на Кари, Голден Стејт поведе со 1:0 во серијата со Њу Орлеанс, а во првиот круг го победи Сан Антонио со 4:1.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот