Стартува Светското првенство во кошарка во Шпанија

Од:

Светското првенство во кошарка од утре до 14 септември ќе се одржува во Шпанија.

Натпреварите од првата фаза ќе се играат во четири градови (Гранада, Севиља, Билбао и Гран Канарија), додека елиминациските натпревари ќе се играат во Барселона и во Мадрид. Финалето е закажано за 14 септември во Мадрид.

Во првата фаза од натпреварите 24-те репрезентации се поделени во четири групи по шест селекции. Четирите првопласирани од секоја група ќе продолжат во нок – аут фазата (осминафинале).

Утре на првиот ден на шампионатот се играат натпревари во сите групи, а двојките се: Египет – Србија, Франција – Бразил, Иран – Шпанија (А група); Хрватска – Филипини, Порторико – Аргентина, Грција – Сенегал (Б група), Украина – Доминиканска република, Нов Зеланд – Турција, САД – Финска (Ц група), Ангола – Јужна Кореа, Австралија – Словенија и Мексико – Литванија (Д група).

Титулата светски шампион ја брани селекцијата на САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѓоковиќ се расплака: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам

Горан Наумовски

Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Горан Наумовски

Српските кошаркари наградени со по 25.000 евра за освоеното сребро на Мундобаскетот

Откриено зошто на Бориша Симаниќ му го отстранија бубрегот по ударот на мечот со Јужен Судан

Предраг Петровиќ

Германците ги победија Американците и закажаа финале со Србија

Горан Наумовски

Нов пораз за словенечките кошаркари, Литванија игра за петтото место на Мундобаскетот