Стартува Ролан Гарос

Од:

Со мечот на централниот терен меѓу Агнешка Радванска од Полска и Шуаи Жанг од Кина денеска стартува вториот Грен слем турнир годинава Ролан Гарос.

Од бранителите на титулите денеска ќе на терените се појави Серена Вилијамс која за противник во првото коло ќе ја има домашната тенисерка Ализа Лим.

Нејзината сестра Венус во првото коло ќе игра против Белинда Бенчиќ од Швајцарија.

Од топ фаворитите во машка конкуренција денеска единствено ќе настапи третиот носител Роџер Федерер кој за противник го има Лукас Лацко од Словачка.

Бранителот на трофејот од минатата година Шпанецот Рафаел Надал како и вториот носител Новак Ѓоковиќ од Србија утре ќе ги играат своите натпревари од првото коло.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ