Стартува полуфиналето во кошаркарскиот Еврокуп

Од:

Во второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување Еврокупот, денеска ќе се играат првите средби од полуфиналето.

Две шпански и по една руска и израелска екипа ќе се борат за место во големото финале.

Програмата ќе биде отворена со натпреварот во Кубан од 18 часот каде составот на Локомотив ја пречекува екипата на Уникаха.

Во терминот од 20 част и 30 минути, ќе започне и вториот полуфинален меч во кој Валенсија ќе биде домаќин на Хапоел од Ерусалим.

Полуфиналната серија ќе се игра во два добиени натпревара.

Реваншите на програмата се на 17 март, додека евентуалните мајсторки ќе се играат пет дена подоцна (22 март).

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он