Стартува четиридневната програма во ракометната Лига на шампиони

Од:

Со натпреварот кој вечерва ќе се игра во Загреб од 18 часот и 45 минути, а во кој хрватскиот првак ППД Загреб е домаќин на Париз Сен Жермен ќе започне 11.коло во машката ракометна Лига на шампони.

Утре на програмата се два натпревар. Од 19 часот ќе стартува дуелот Кристијанштад – Киелце, додека половина час подоцна (19:30) македонскиот шампион Вардар има тешко гостување кај германската екипа Рајн-Некар.

Останатите натпревари од ова коло ќе се играат во текот на викендот, а двојките се: Висла – Цеље, Бешикташ – Веспрем (сабота), Монпелје – Барселона, Пик Сегед – Колдинг и Фленсбург – Кил.

А група – табела: Фленсбург 16 бодови, ПСЖ 16, Веспрем 15, Кил 11, ППД Загреб 9, Висла 8, Целје 3 и Бешикташ 2.

Б група – табела: Барселона 15 бодови, Киелце 14, Рајн-Некар 13, Пик Сегед 13, Вардар 12, Монпелје 7, Кристијанштад 4 и Колдинг 2.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ