Стартува 45-тото издание на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“

Од:

Од денеска до вторник во Струга ќе се одржи традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга 2017“. На 45-тото издание на овој турнир чии средби вообичаено се играат на отворениот терен на „Женската плажа“ ќе продефилираат три европски и три македонски екипи.

Покрај ланскиот финалист Металург, Македонија ќе ја претставуваат составите на суперлигашот Охрид и домаќинот Струга. Титулата на јубилејниот интернационален ракометен турнир ќе ја брани екипата на францускиот Шарт, а втора година по ред во Струга ќе играат Алингсас од Шведска и турскиот шампион Бешикташ.

Екипите се поделени во две групи, а по трите кола, на 15 август ќе се разигрува за пласман од трето до шесто место и ќе се игра финалето во кое ќе се сретнат првопласираните екипи од двете групи.

Во А група се, Охрид, Бешикташ и Алингсас, додека Б групата ја сочинуваат, домаќинот Струга, Металург и Шарт.

Денешната програма ќе започне со свечено отворање од 18:45 часот, по што од 19:30 часот во првиот меч ќе играат Шарт и Струга, додека во вечерниот термин од 21:15 часот ќе се сретнат Бешикташ и Алингсас.

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга