Со четирите натпревари кои се одиграа синоќа во текот на вчерашниот ден стартуваше ракометното Европско првенство во женска конкуренција кое се одржува во Шведска.
Во премиерниот натпревар, Србија ја совлада Словенија со 36:34 , додека во вториот меч од А групата, домаќинот Шведска го совлада вицепрвакот Шпанија со 25:19.
Во групата Б победи остварија, Франција над Полска со 31:22, како и Германија која со 30:27 ја совлада селекцијата на Холандија која лани на Мундијалот го освои сребрениот медал.
Денеска на програмата се нови четири дуели од 1.коло:
Црна Гора – Данска и Унгарија – Чешка (Ц група),
Русија – Хрватска и Норвешка – Романија (Д група).