Во првата трка од Светскиот куп во новата сезона во велеслалом возена во Селден, Австрија, најдобра беше 29-годишнната Словенка Тина Мазе, која дојде до 12. триумф во кариерата.
По првото возење беше прва, а во второто уште поубедлива, на второто место стигна Катрин Цетел од Австрија.
На третото место се пласираше младата Стефани Кол исто така од Австрија, четврта заврши Швајцарката Доминик Гисин, а пета стигна Ана Фенингер од Германија.
Трката ја одбележа падот на Линдзи Вон, која ја брани титулата.