Стартна победа на македонските одбојкари во Европската лига

Од:

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со победа го започна својот нов (четвртти) настап во Европската лига.

Македонските одбојкари вечерва во рамките од 1.коло на А групата ја победија репрезентацијата на Азербејџан со максимални 3:0.

Првите два сета македонските одбојкари ги добија со идентични 25-19, додека во третиот на противникот му препуштија поен повеќе (25-20).

Во првата средба од оваа група чии натпревраи се играат во СРЦ „Кале’’ во Скопје, репрезентацијата на Албанија, иако губеше од Шведска со 2:0 во сетови, сепак во продолжението успеа да напрви пресврт и мечот го доби со 3:2, по сетови 15-25, 23-25, 25-23, 26-24 и 15-9.

Утре во дуелите од 2.коло ќе играат Шведска – Азербејџан од 17 часот и Македонија против Албанија во терминот од 20 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ