Помошник-тренерот на ЖРК Вардар, Аце Станковски по вчерашната победа над Подравка е уверен дека „црвено-црните“ можат да играат поагресивно во одбраната.
Вардар мораше да ја смени играта во одбрана во вториот дел од средбата со Подравка, и да триумфира со 30:19 на третиот меч од регионалната ВРХЛ лига.
– Во второто полувреме не ја игравме најдобро 6-0 зоната, и примивме 14 гола, и тоа ќе мора да го поправиме. Ќе треба и дуел играта да ја поправиме, и таа да биде во преден план. Кога сменивме на 5-1 одбрана покажавме поголема агресивност, и така ги натеравме противниците да направат многу повеќе технички грешки. Во контра лесно потоа реализиравме. Се надевам ќе продолжиме подобро да играме и на следниот меч. Она што го игравме денеска ни дава надеж дека можеме многу агресивно да играме, отколку таа 6-0 зона, вели Аце Станковски, помошник тренерот на екипата.
ЖРК Вардар денеска од 16 часот игра со Будуќност.