Станковиќ пред портите на Сампдорија

Од:

Поранешниот тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ ќе биде новиот тренер на Сампдорија, тврди познатиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, објаснувајќи дека се чека само усогласување на деталите.

Сампдорија го отпушти Марко Џампаоло по домашниот 0:3 пораз од новиот прволигаш Монца, по што се „заглавија“ на последното место на табелата. Се очекуваше Клаудио Раниери или Роберто Д’Аверса, но сега прва опција е Станковиќ, кој поголемиот дел од фудбалската кариера ја помина во Италија, со Лацио од 1998 до 2004 и со Интер од 2004 до пензионирањето во 2013.

По оваа тој беше помошник-тренер во Удинезе, за од 2019 до август оваа година да биде на чело на Црвена звезда, освојувајќи ја двојната титула, но заминувајќи си поради неуспехот да ги однесе во Лигата на шампиони.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Младински репрезентативец на Македонија ќе игра за Сампдорија

А1он

Сите во Сампдорија се излечени од Ковид-19

А1он

По Габијадини, уште четворица фудбалери на Сампдорија со коронавирус

Aleksandar Petrovski