SRT Viper доаѓа во Европа

Од:

SRT Viper од почетокот на производството не беше во понудите за европскиот пазар. Сепак, за тоа ќе се погрижи компанијата GeigerCars, која ги најави плановите за увоз во Германија.

Моделот ќе се нуди по цена од 139.900 евра, што е значително повеќе од износот што американските клиенти го плаќаат за автомобилиот во својата земја (околу 76.000 евра).

За парите добивате вистинска ѕверка, а идните сопственици на европскиот пазар ќе може да се пофалат дека нивниот Viper е управуван од најголемиот мотор, монтиран во сериски автомобил во моментов.

Има 8,4-литарскиот атмосферски V10 на Chrysler, кој генерира 640 КЅ и 814 Nm вртежен момент.

На патот кон задните тркала, моќта минува низ 6-брзински мануелен менувач, овозможувајќи му на тешкиот 1.521 килограми автомобил да се забрза од 0 до 100 km/h за помалку од 3 секунди, a максималната брзина е 331 km/h.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on