Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри во Париз

Од:

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри во Париз. Во мечот за третото место Србите ги совладаа Германците со резултат 93:83. Србите го контролираа целиот натпревар и Германците никогаш не се доближија.

Успехот на Никола Јокиќ беше 19 поени, 12 скока и 11 асистенции. Србија на тој начин и возврати на Германија за поразот во финалето на минатогодишното Светско првенство во Манила кога Германците го освоија златото. Тогаш Јокиќ не играше за Србија, но овој пат Србите предводени од најдобриот кошаркар на денешницата постигнаа нов успех.

Ова е дури 13. медал од големите натпреварувања за српската репрезентација, со што се потврди статусот на кошаркарска велесила. Во периодот по распадот на Југославија, Србија освои три европски злата, две сребра и една бронза. Како дел од репрезентацијата на СФРЈ, српските кошаркари освоија пет европски, три светски и еден олимписки шампионат во 1980 година во Москва.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски