Србљак ги мина квалификациите на фјучрсот во Добој

Од:

Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да се пласира на главниот турнир на фјучрсот во Добој што се игра за награден фонд од 10.000 долари. Тој денеска во 3.коло од квалификациите го победи Макс Колорадо од САД со 6:2 и 7:5 во гемови и со тоа избори настап на главниот турнир. Претходно во 1.коло беше слободен, а во 2.коло го совлада Стефан Петровиќ од Шведска.

Во првото коло на главниот турнир Србљак ќе игра против квалификантот Тихомир Грозданов од Бугарија (1.563 место на АТП листата).

На главниот турнир како седми носител ќе настапи и нашиот најдобар тенсиер Томислав Јотовски, кој за ривал го има Петар Цонкиќ од Србија. Во меѓусебните мечеви Јотовски води со 1:0.

Оваа недела настап на фјучрс во унгарскиот град Ѓер ќе има и македонската тенсиерка Лина Ѓорческа.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ