Кошаркарската репрезентација на Србија е вториот финалист на Евробаскетот 2017, откако синоќа во второто полуфинале ја совлада Русија со 87:79 (25:20; 23:14; 18:23 и 21:22).
Србија во неделното финале ќе игра против Словенија, која во четвртокот ја победи Шпанија со 92:72.
Селекцијата на Србија победата ја обезбеди во вториот период кога со добра одбрана ми дозволи на противникот да постигне само 14 поени и во тој период Србија за првпат имаше и двоцифрено водство. Во вториот дел победникот имаше највисока предност од 16 поени во неколку наварти, а Русија во последниот период успеа да ја намали разликата и на два поена, но немаше сили за пресврт.
Во клучните моменти од завршницата решавачките поени за Србија ги постигна Бојан Богдановиќ, кој дуелот го заврши со 24 поени, додека Бобан Марјановиќ имаше 18 поени. Најпрецизен на дуелот беше Алексеј Швед од Русија со 33 поени.
Денеска на шампионатот е слободен ден, а утре од 16 часот се игра дуелот за третото место меѓу Шпанија и Русија, додека од 20:30 часот е финалето Словенија – Србија.