Репрезентацијата на Србија ќе игра во финалето на годинашното издание од Светската лига во одбојка.
Во првото денешно полуфинале одбојкарите на Србија по голема борба и френетично бодрена од бразилските навивачи ги совлада САД со 3-2.
Србите поведоа со 2-0 по 25:23 и 25:21, Американците ги добија третиот и четвртиот сет со 27:25, односно 25:20, за победникот да биде решен во петтиот сет кој му припадна на српските одбојкари со 15:12.
Домашните навивачи во Рио ја дадоа поддршката на Србија, бидејќи беа лути на САД по вчерашната победа над Франција со 3-1, а тоа беше единствениот резултат кој не им одговараше на „кариоките“.
Противник на Србија во големото финале ќе биде подобриот од вториот полуфинален дуел кој е во тек. По три сета Франција води против свесткиот првак Полска со 2-1.