Репрезентацијата на Србија вечерва славеше над селекцијата на Грција со резултат 90:72 и со тоа обезбеди четвртфинале.
Иако Грците во досегашниот дел од шампионатот имаа максимален скор од пет победи, овојпат немаа одговор за расположените српски кошаркари, кои одиграа фантастично во нападот и апсолутно заслужено се најдоа во мундијалското четвртфинале.
Богдан Богдановиќ со 21 поен беше најпрецизен во победничкиот табор, пред Радуљица со 16, Теодосиќ со 13 и Калиниќ со 12 поени.