Србија ја освои бронзата на Европското првенство во одбојка

Од:

Репрезентацијата на Србија го освои бронзениот метал на Европското одбојкарско првенство за мажи што се одржува во Краков, Полска.

Србите во дуелот за третото место кој траеше повеќе од 2 часа и 14 минути ја победија белгија со 3:2 во сетови.

Првиот сет кој траеше 26.минути Србите го добија со 25-17. Во вториот се играше многу порамноправно, а истиот им припадна на Белгијците со 25-22. И во следниот, трет сет одбојкарите на Белгија беа поактивни, па таквата игра им донесе резултат, добијавајќи го сетот со 25-19, за водство од 2:1.

Но, Србите не се предадоа. Следните два сета ги добија со 25-22 и решавачкиот петти со 15:12 за конечни 3:2 во сетови и освојување на бронзениот медал, осми од Европските првенства.

За шампионскиот трофеј вечерва ќе се борат одбојкарите на Русија и Германија.

Русите ќе го играат 17-то финале, додека Германците за прв пат ќе се закитат со медал од Европските шампионати, а дали тоа ќе биде злато останува да се види по финалниот меч кој ќе се игра од 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ