Репрезентациите на Србија и на Бразил ќе играат во финалето на Светската лига во одбојка. Ова е епилогот по синоќешните полуфинални дуели во Краков, Полска на кои тие беа поуспешни од своите ривали.
Србите во драматичен меч ја совладаа Италија со 3-2, по сетови 23:25; 25:21; 25:23; 18:25 и 15:11.
Бразил беше поуспешен од Франција со 3-1, по сетови 25:16; 23:25; 28:26 и 33:31.
Финалето е закажано за вечер со почеток во 20 часот и 30 минути, а три часа претходно (17:30) за третото место ќе се борат Италија и Франција.