„Спортско лето, спорт за сите“ во општина Зрновци

Од:

Општина Зрновци во рамки на програмата за спорт и ова лето шести пат ја реализира спортската манифестација „Спортско лето, спорт за сите“, наменета за жителите од општината и за жителите на соседните општини од регионот.

– Манифестацијата почна синоќа со спортскиот натпревар кој се одржа на новоизграденото повеќенаменско игралиште на влезот во населбата. Секоја вечер ќе се одржуваат по два натпревари во мал фудбал, а финалниот натпревар ќе биде на 2 август, на Илинден, празникот на општината, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.

На турнирот учествуваат 14 спортски екипи од општините Кочани, Зрновци, Виница, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Штип и Дојран. Од наредната година турнирот се планира да добие балкански карактер со учество на екипи од балканските земји.

Во рамките на проектот „Спортско лето, спорт за сите“ ќе се реализира и турнир во шах и велосипедска трка. На најуспешните општината ќе им додели пехари и парични награди. Манифестацијата целосно е финансирана од буџетот на општина Зрновци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ