Спортист на Велес за 2014 е кајакарот Љубомир Спасиќ

Од:

Во организација на Сојузот на спортови на Велес и Општина Велес синоќа во Велес беа прогласени најдобрите спортисти и спортски екипи за 2014 година.

За спортист на Велес за 2014 година беше прогласен 27 годишниот Љубомир Спасиќ,член на Кајак Кану Клубот „Гемиџии“ 903-та.

Тој годинава освои прво место на меѓународниот натпревар во К-1 Велес 2014. Прво место во Србија во К-1 на Ушче. Втор на 9 то Ноемврискиот Кајак натпревар, Трето место на државниот натпревар во К-1 на Mатка во 3хК-1. Освои 13 место на Европско во Австрија, а на ИКАСО беше 12-ти.

Спасиќ потенцира дека ова признание на Велес за него значи голем успех.

-Секој спортист мечтае да добие признание во својот град, а тоа за мене значи и поттик за нови спорстски успеси, рече Спасиќ , и им посака многу успеси на сите велешки спортисти во 2015 година.

Меѓу десетте најдобро пласирани сениори на Велес за 2014 втор е кошаркарот Петар Виларов, а трет Ристе Ајдаров атлетичарот на АК Изгрев.

Во екипи сениори на Велес, екипа на годината е Младинскиот велосипедски клуб Велес, втора кошаркарскиот клуб „Борец Баскет“ која со успешниот настап во втората лига ја врати во салата велешката публика. Трета е екипата на Кајакарскиот кану клуб „Вардар“.

Кај јуниорите немаше категоризација, а сите десет беа прогласени за најдобри млади спортисти на Велес. Тоа се фудбалерот на „Борец“ Александар Тодоровски, Маја Војдиновска каратист на КК „Гладијатир“, Кире Брчков кошаркар на „Борец Баскет“, Александар Нанов ракометар на РК Бисинов-Вардар. Кајакарот Енис Небиовски член на КК „Вардар“. Ангела Чејкова стрелец, Виктор Ванчевски велосипедист на МВК-Велес, Симона Џоневска обојкар на „Борец Брако“. Бојан Нацев борач на РК Борец, Јован Васиќ каратист на „Гладијато“,Тоше Петрушевски државен првак во спортски риболов и Ѓоре Ѓорѓиев фудбалер на Борец.

Екипа на годината за Велес за 2014 во млади категории е Стрелачкиот клуб Велес.

На манифестацијата за најуспешен тренер со млади беше прогласен Јован Андовски од стрелачкиот клуб Велес, награда за животно дело прими Борис Алчев во младоста кајакари активен во спортот и донатор за спортот. Јовица Горгиевиќ-Чича кој го формира железничарското спортско друштво „Железничар“ во борење,а кое потоа е преименувани во „Борец“.Награда прими и спорсткиот лекар Никола Нацев.

За голем љубител во спортот награда доби и поранешниот спортист на Велес Панче Ќурчиев Пампикот, а постхумно Костадин Ристов-Фиќо.

За манифстација на годината признание доби „Отвореното првенство на Македонија во кајак“ во организација на КК „Бабуна“ од Велес.

За најдобро училиште во рамките на училишниот спорт за 2014 година е прогласено ООУ „Васил Главинов“ , а за најуспешен спортски педагог е избрана Весна Николова ментор на екипите учеснички на државните првенства.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ