Спонзорите побарале Манчестер јунајтед да го задржи Роналдо

Од:

Главните спонзори на Манчестер Јунајтед не сакаат португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо да го напушти клубот од „Олд Трафорд“, пренесуваат британските медиуми.

„Дејли стар“ наведува дека на спонзорите не им се допаѓа идејата најпрофитабилниот фудбалер да го напушти „Олд Трафорд“ и дека Манчестер Јунајтед е под голем притисок да го задржи Роналдо.

Португалскиот фудбалер не се појави на подготовките на Манчестер Јунајтед за новата сезона, а наводно од семејни причини не отпатува со тимот на претсезонските подготовки во Азија.
Роналдо е разочаран од неактивноста на Манчестер Јунајтед во преодниот рок, а негова желба е и во новата сезона да игра во Лигата на шампионите.

„Дејли стар“ потсетува дека спонзори, чии имиња не се споменуваат, помогнале за финансирање на платата на Роналдо, која изнесува околу 500.000 фунти неделно.

Роналдо минатата година се врати на „Олд Трафорд“, а со англискиот клуб има договор до јуни следната година.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Роналдо Назарио да Лима – кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил

А1он

Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ