Спектакуларен дочек за Тевез на „Ла Бомбоњера“

Од:

Повеќе од четириесет илјади навивачи на стадионот „Ла Бомбоњера“ во Буенос Аирес го пречекаа Карлос Тевез при неговото враќање во Бока Јуниорс.

Тевез се врати во „својот“ клуб по 11 години, а на неговиот дочек беше аргентинската фудбалска легенда Марадона кој направи посебен транспарент како благодарност за враќањето на сонародникот.

Претходните 11 години Тевез настапуваше во Европа во Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

– Нема поубаво чувство за мене од денешното. Овој ден ќе го паметам цел живот. Ова е мој дом, тука почнав со фудбалот и сакам тука да завршам. Се наоѓам во топ форма, изјави Тевез.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

(ВИДЕО) Судија погоден со шипка во глава, меч од аргентинска Примера е прекинат

А1он

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра