Специјална „Блек Шедоу“ верзија на „Бе-Ем-Ве М2 Купе“

Од:

Технологиите од мото-спортовите и експресивниот, ориентиран кон максимална моќност на дизајнот, му овозможуваат на „Бе-Ем-Ве М2“ да заземе единствена позиција во премиум сегментот.

Ексклузивната верзија на „Бе-Ем-Ве М2 Купе“ наречена „Блек Шедоу“ ги истакнува динамичните можности на компактниот, моќен спортски модел со прецизно усогласени дизајнерски елементи. Специјалниот модел ќе биде достапен од април 2018 година.

„Бе-Ем-Ве М2 “ возбудува со прецизно управување и незапирлив погон напред. Неговиот шестцилиндричен мотор со технологија „M ТвинПауер Турбо“ и моќност ос 370 коњски сили, класичен заден погон, како и суспензијата, конструирана и поставена со долгогодишно искуство во мото-спортовите, ја будат возбудата на спортските возачи од целиот свет. Со опционалниот седумбрзински M менувач со две спојки со „Драјвлоџик“, „Бе-Ем-Ве М2“ забрзува од нула до 100 килоемтри на час за само 4,3 секунди.

За многу кратко време, „Бе-Ем-Ве М2“ стана бестселер низ целиот свет, откако пројави интерес за нови целни групи. Со над 12.000 примероци што се продаваат во светот во 2017 година, „Бе-Ем-Ве М2“ стана најуспешниот модел на „Бе-Ем-Ве“ во првата година на производство.

„Бе-Ем-Ве М2 Купе Блек Шедоу“ верзијата е опремена со одбрани дизајнерски елементи кои дополнително го нагласуваат моќното емитување. Специјалниот модел е достапен само во сафирно црна металик боја. Мат црните, 19-инчни ковани алуминиумски фрлни со Ипсолон облик и гуми со различна големина на предната и задната оска, на впечатлив начин ја истакнуваат визијата на компактно купе.

Со задниот дифузер од карбон, како и интегрираните во задниот браник типични за М двојни издувни ауспуси од двете страни во црн хром,„Бе-Ем-Ве М2 Купе Блек Шедоу“ поставува акценти, инспирирани од мото-спортовите.

„Блек Шедоу“ ќе биде достапен од април 2018 година. Неговата основна цена во Германија ќе биде 66.350 евра.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on