Спасески: Струга повторно ќе биде во центарот на вниманието на ракометна Европа

Од:

Со одржувањето на 43-от меѓународен турнир во ракомет „Струга 2015”, во периодот од 12 до 15 август оваа година, градот Струга повторно ќе биде во центарот на вниманието на ракометна  Европа, а со тоа Република Македонија уште еднаш ќе се најде на светската ракометна карта, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на денешната прес конференција и дополни дека АМС продолжува финансиски да ги поддржува ваквите манифестации.

Агенцијата за млади годинава од својот буџет одвои 500.000 илјади денари во насока на поддршка и организација на овој турнир, а Владата на Република Македонија почнува со реновирање на  отвореното игралиште во Струга и како прва фаза ќе ја изгради Јужната трибина која ќе биде со капацитет од околу 1.300 седишта, за во втората фаза да се оспособи Северната трибина, по што следува нивно покривање.

Спасески очекува силни и квалитетни натпревари кои ќе бидат од корист и на македонските играчи.

– Струга е колевката на македонските ракометни таленти кои преку своите игри се наметнуваат и стигнуваат до сениорската репрезентација. Доволно е само да ги споменам имињата на стружаните  Наумче и Златко Мојсоски, Веле и Никола Маркоски, Аце Јоновски, Гоце Ојлески, Марко Нелоски и Никола Костески. Очекувам оваа нишка со репрезентативци да продолжи и понатаму. Екипите кои оваа година ќе учествуваат на турнирот доволно говорат за квалитетот и реномето на ова натпреварување, потенцира директорот на АМС.

За трофејот ќе се борат Бешикташ од Турција, Бенфика од Португалија, Сесон од Франција, Ал Замалек кој е шампион на Египет, вице-шампионот на Романија – Динамо Букурешт, а од македонските претставници годинава за прв пат учествува Зоми Мак од Струмица. Екипата на домаќинот РК „Струга”, ќе остане доследна на традицијата и ќе одигра и годинава ревијални натпревари.

Спортскиот директор на турнирот Сашо Србиноски соопшти дека македонскиот шампион Вардар ја одбил поканата за учество со образложение дека веќе договорил учество на турнир во Србија, додека од таборот на ланскиот победник Металург не добиле официјален одговор.

 

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он