Репрезентацијата на Романија успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство за ракометарки. По елиминацијата во осминафиналето на светскиот првак Бразил, синоќа во четвртфиналето Романките беа подобри и од домаќинот Данска. Тие постигнаа минимална победа од 31:30.
Минимална победа за полуфинале од 26:25 оствари и олимпискиот и европски првак Норвешка во дуелот со Црна Гора за која ова беш прв пораз.
Првиот пораз на шампионатот значеше и крај за шансите за медал и за селекцијата на Русија, која загуби од Полска исто така со еден гол разлика 21:20.
Единствено Холандија со три разлика (28:25) ја победи Франција во четвртфиналето.
Денеска на шампионатот е слободен ден, а утре се играат полуфиналните дуели Холандија – Полска и Норвешка – Романија. Истиот ден се и дуелите за пласман од 5-8.место: Франција – Русија и Данска – Црна Гора.