Главните фаворити на годинешното Светското првенство, репрезентацијата на САД постигнаa убедлива победа против Чешката Република со резултат 88:67.
Отпорот на Чесите беше забележан во првата четвртина кога избраниците на американскиот селектор имаа разлика од само три поени, односно 17:14. Меѓутоа СAД ја зголемија разликата на 14 поени во текот на втората четвртина, 43:29, и ја задржаа до крајот на првиот дел од натпреварот.
Чесите не можеа да се вратат во игра, па во вториот дел предноста беше уште поголема, односно на крајот на третата четвртина резултатот беше 66:48. Во последниот дел од натпреварот разликата се зголеми уште повеќе се до конечниот резултат 88:67.
Донован Мичел беше најефикасен кај САД со 16 поени, а кај Чешката република Томас Сатарански со 17 постигнати поени.