Кошаркарската репрезентација на Франција ја совлада Германија со резултат 78:74 во првото коло на Светскиот куп во Кина.
Франција доминираше на овој натпревар од првата минута. Фурниер и Мбаје беа одлични за разлика од германскиот напад кој во првото полувреме делуваше очајно. Германците постигнаа само четири поени (16: 4) во првата четвртина, или само 20 (36:20) на полувремето, но како да се разбудија во третата четвртина кога Франција ја зголеми разликата (52:28).
Со серијата 18-2, Германија се врати во игра, стигнувајќи на минус девет, 59:50 на влезот пред последната четвртина. Ова не беше крајот на возбудата. Со поените на Шродер на две минути до крајот Германија доаѓа на само три бода заостанување (71:68) и на пет секунди до крајот и минус два (76:74). Сепак, Германците немаа повеќе сили за голем пресврт па Франција со голема мака на крајот забележа победа.
Најефикасни за Французите беа Еван Фурнир со 26 и Амат М’Бај со 21 поени, додека кај Германците најефикасни беа Јоханес Воигтман со 25 и Денис Шродер со 23 поени.