Сопственикот на формула-1 Берни Еклстон осомничен за поткуп во Германија

Од:

Сопственикот на Формула-1, Британецот Берни Еклстон е „посочен“ од германското обвинителство, како осомничен за давање поткуп на еден банкар во Германија.

Станува збор за износ од 44 милиони долари што му се исплатени на германскиот банкар Герхард Грибковски, поранешен директор на „Бајерн Ландсбанк“ од Минхен.

Германецот уште во јуни минатата година е осуден на 8,5 години затвор, од еден минхенски суд.

Еклстон ги отфрла обвинувањата, објаснувајќи дека тој пред седум години, му платил на Грибковски, но вели дека тоа не било поткуп, туку парите биле дадени само за да се спречи даночна истрага во Велика Британија.

– Зборував со моите адвокати кои ме известија дека примиле документ со обинување од германското обвинителство, што сега се преведува, изјави Еклстон за лондонски „Фајненшл тајмс“.

Сопственикот на Формула-1 и поранешен автомобилски тркач вели дека е „жалосно сето она што сега се случува“.

Според Еклстон, доколку некој сака да тужи, тој ќе го направи тоа, а во таква ситуација не останува ништо друго, туку човек да се брани од обвинувањата.

Во 2006 година, германскиот банкар Герхард Грибковски беше надлежен да продаде 48 отсто од акциите на трките Формула-1 на една приватна фирма, која речиси целиот свој бизнис го има насочена кон спортот.

Би можело да ве интересира

Пијастри ја покори Кина

Ландо Норис победи на трката од Формула 1 во Австралија

А1он

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез