Сомнеж за наместен натпревар на Ролан Гарос

Од:

Скандал во најава на овогодинешниот Ролан Гарос, откако постои сомнение дека е наместен натпревар во женски двојки.

Се работи за дуел во двојки што Романките Андреа Миту и Патриша Марта Тиг ги одиграа против Американката Медисон Бренгл и Русинката Јена Сизикова.

Романската двојка го доби тој натпревар од првото коло со 2:0, но постои сомнеж дека е наместен.

Причина за тоа е фактот што обложувалниците пријавија исплати на големи пари за тој дуел во петтиот гем од вториот сет.

Тогаш Бренгл и Сизикова го загубија својот сервис без ниту еден освоен бод.

Потоа, на следниот гем направија брејк, а потоа уште еднаш го загубија сервисот и подоцна беа поразени во два сета.

Во истрагата се вклучи и полицијата, како и надлежните институции.

Историјата покажува дека ако се докажат овие наводи за фалсификат, казните би можеле да бидат драконски.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ