Сомневање за местење натпревари на Роланд Гарос, уапсена руска тенисерка

Од:

Руска тенисерка беше уапсена вчера во Париз во истрагата за сомневања за наместени натпревари во двојки кај обложувалниците за време на одржувањето на Ролан Гарос во 2020 година.

Според француските медиуми, кои се повикуваат на полициски извор и од обвинителството од Париз, уапсената е Јана Сизикова (26), 101-ва на ВТА ранг-листата во двојки во светот,

Таа беше приведена во четвртокот вечерта по мечот на турнирот, како дел од истрагата отворена на 1 октомври за „спортска корупција“ и „ измама во организирана банда “, објасни обвинителството, потврдувајќи ја информацијата на весникот „Паризиен“.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ