Солскјер за дуелот со Тотенхем: Треба да играме како со Челси во првото коло

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека неговиот тим може да се прилагоди на својот прв меч по продолжувањето на сезоната на ист начин како и за дербито со Челси, со кое започна првенството.

Тогаш „црвените ѓаволи“ го совладаа лондонскиот тим со 4: 0, а на 19 јуни го посетуваат Тотенхем во натпревар од 30-то коло, што може да биде клучно за амбициите на Јунајтед да учествува во ЛШ.

– Првиот наш натпревар е за две недели, затоа мора да ги форсираме нашите тренинзи за да можеме да ја вратиме нашата најдобра игра. Секој знае дека треба да бидеме во најдобра форма. Мора да бидеме многу фокусирани. Знаеме дека ова е голем меч за сите нас. Имавме натпревар со Челси во првото коло од сезоната, па сигурен сум дека против Тотенхем фудбалерите можат да влезат со ист став и да одиграат многу силен натпревар. Ќе има серија натпревари во текот на викендот и оваа недела, затоа треба да се фокусираме на сите натпревари, рече Солскјер.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски