Бруно Фернандеш досега се претставува одлично за Манчестер Јунајтед, со 3 гола и 2 асистенции на 5 натпревари.
Тренерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер се наврати малку назад и го признава факторот што целосно го убеди да го привлече Португалецот.
– Кога одите да гледате играч во живо, го гледате чувството во играчот. Она што најмногу ме импресионираше тој ден беше неговата личност, веќе бевме свесни за неговите квалитети на теренот. Ако внимателно го гледате, ќе забележите дека тој сака да победува, тој е загрижен за тимот – го има огнот во него. Мислев дека тоа е токму карактерот што ни требаше, рече Солскјаер.
Норвешкиот тренер додаде и дека Фернандеш не ја напушта екипата и се бори до крај, и дека го подигнал нивото на играчита околу него и целиот тим.