Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер откри дека неговиот план профункционирач за натпреварот со Пари Сен Жермен (3:1) од осминафиналето во Лигата на Шампионите.
Тој призна дека немал намера неговиот тим да се надигрува со ПСЖ, туку сакал да ги задржи шансите до последните минути, кога ќе го нанесе својот удар.
– Отсекогаш сме верувале дека можеме да продолжиме понатаму. Нашиот план не ја вклучуваше идејата да се надигруваме со ПСЖ, бидејќи ако дадеш премногу простор на овој тим, тој може да ве казни Видовте што се случи неколку пати во првото полувреме, кога направивме некои грешки во одбраната. Планот ни беше да останеме во игра до послединте минути и тој профункционира, изјави Солскјер.
Норвежанецот сепак повторно не даде категоричен одговор дали ќе продолжи да го води тимот и наредната сезона.
– Продолжувам да си ја вршам работата на најдобар можен начин на кој можам и ќе видиме што ќе се случи. Доживеав фантастични моменти со играчите и со екипата. Ќе продолжам да уживам во оваа работа додека ја имам. Има уште два-три месеци и ќе продолжам да работам со насмевка. Веќе имам доста прекрасни спомени, а тоа е најважно. Неверојатно е да бидеш тренер и да празнуваш со играчите. Соблекувалната беше едноставно неопислива денес. Во неа беше целиот клуб заедно со сопствениците, поранешни играчи и поранешни менаџери, изјави уште тренерот.