Солскјер го однесе тимот во старата клубска база пред големото дерби

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солксјер презеде неконвенционален пристап пред денешното дерби со Манчестер Сити.

Норвежанецот одлучи утрово да го одведе тимот во старата клубот база „Да Клиф“ каде што играчите одржаа лесен тренинг. Самиот Солскјер тренираше таму во неговите рани години во Јунајтед, но на крајот на 90-тите менаџерот на тимот, сер Алекс Фергусон одлучи дека оваа база веќе не ги задоволува потребите на тимот и во 2002 година беше отворен новиот центар за обука во Карингтон.

Стратегот одлучи да се сврти кон славната историја на клубот за да ги инспирира своите играчи пред денешниот судир на „Олд Трафорд“.

При победа на Јунајтед, тимот останува во битка за топ 4 и пласман за ЛШ во следната сезона. За „граѓаните“ сепак „залакот“ е поголем, откако тие се борат за освојување на титулата во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А