Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер по победата (2:1) над Вотфорд во натпреварот од 32. коло од првенството на Англија (2:1) рече дека постојат шанси неговиот тим на крајот да биде меѓу првите три.
Влегуваме во финалната фаза од сезоната. Ако освоиме 15 бода ќе бидеме во првите три, е оптимист Солскјер.
За средбата со Вотфорд, Норвежанецот рече.
Вотфорд го започна натпреварот многу добро, се боревме да се справиме со нивното темпо. Ние добро одигравме и веќе околу 20. минута се чувствував поудобно. Заслужено освоивме три бода.