Собир на женската ракометна репрезентација

Од:

Најдобрата женска ракометна репрезентација денеска ги почнува подготовките за претстојните бараж дуели со Шпанија. Селекторот Гино Стрезовски подготовките ќе ги реализира започнувајќи од денеска, а репрезентацијата пет дена ќе работи во Дојран.

На 27 мај подготовките ќе продолжат во Скопје во СРЦ „Кале“ каде и ќе се игра натпреварот со Шпанија од баражот за Светското првенство во Србија 2013 година.

Натпреварот со Шпанија се игра на 1 јуни (сабота), а реваншот е на 7 јуни (петок) во Сориа.

Селекторот Стрезовски по баражот со Шпанија ќе продолжи со работа со репрезентативките, бидејќи истата селекција ќе продолжи да се подготвува за настапот на Медитеранските Игри во Мерсин, Турција.

На овие подготовки Стрезовски повика 19 ракометарки:

Наташа Антиќ (Металург), Дијана Наумоска (Жито Прилеп) и Фросина Крстевска (Вардар СЦБТ) – голмани;

Сара Ристеска (Металург), Симона Гроздановска (Металург), Драгица Митрова (Металург) и Ивана Маневска – (крила);

Тања Шалевска (Жито Прилеп), Душица Георгиевска (Металург), Биљана Црвенкоска (Вардар СЦБТ), Мирјета Бајрамовска (Металург), Елена Георгиевска (Будуќност), Савица Мркиќ (Жито Прилеп), Моника Јанеска (Турција) и Зорица Десподовска (Металург) – бекови;

Наташа Младеновска (Металург), Робертина Мечевска (Металург) и Марија Серафимовска (Жито Прилеп).

Поради повреда настапот го откажа Ивана Саздовски.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска