Македонската машка одбојкарска репрезентација од денеска ги почнува подготовките за претстојните квалификации за Европското првенство во 2015 година.
Селекторот Жарко Ристоски првиот собир ќе го има во Струмица, каде и ќе се одржува дел од подготовките, како и натпреварите од првата фаза во квалификациите.
Од повиканите 17 одбојкари петмина ќе бидат отсутни поради клупските обврски, а екипата се очекува да биде комплетна непосредно пред квалификаците што се играат во салата „Парк“ во Струмица од 9-ти до 11 мај. Македонија е домаќин на групата во која ќе играат уште и Азербејџан, Грузија и Шведска.
Нашата репрезентација ќе одигра и два пријателски натпревара со Црна Гора на 1-ви и на 3 мај во Будва.