Собир на љубители на возила и моторцикли

Од:

На полигонот во училишниот центар АСУЦ „Боро Петрушевски“ денеска ќе се одржи вториот собир на љубители на возила и моторцикли на Град Скопје.

На настанот ќе бидат избрани најдобрите возила во категориите Youngtimers, Oldtimers, Tuned Cars, Sound quality check и Luxury cars. Во контекст на актуелната област за енергетска ефикасност ќе бидат изложени и електрично возило, електричен моторцикл и електричен велосипед.

Ќе биде промовиран Авто Мото Клубот АСУЦ кој дава максимална подршка и придонес на авто мото собирите, како и напредните насоки и технологии кои ги поседува училиштето за упис на основците.

На присутните ќе им се обратат инспектори од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и директорката на АСУЦ Боро Петрушевски Соња Ристовска.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ