Македонската одбојкарска репрезентација со пораз од Полска го заврши циклусот квалификации за ЕП кое во 2015 година ќе се одржи во Италија и Бугарија.
Попладнево во словенечкиот град Стожице, во натпревар од 6. коло на групата 1, нашите одбојкари загубија од фаворизираната селекција на Полска со 3:0 по сетови 19:25, 19:25 и 21:25.
Избраниците на селекторот Жарко Ристоски втората фаза од квалификациите, ја завршија со пет порази и само едена победа над Летонија.
Во последниот натпревар од ова група вечерва ќе играат домаќинот Словенија и селекцијата на Летонија.
Табела: Полска 16 бодови, Словенија 8, Македонија 5 и Летонија 4.