Со поддршка од „Комитите“, Вардар го почна походот кон враќањето во Првата лига

Од:

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска ги почна подготовките за новата домашна сезона во која за прв пат во клупската историја ќе се натпреварува во Втората лига.

Со неколкумина „староседелци“ во тимот и 12 засилувања предводени од новиот тренер Горан Симов, „црвено – црните“ го одржаа првиот официјален тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ бодрени од својата навивачка група „Комити“.

„Благодарност до нашите најверни навивачи, кои и покрај неповолните временски услови дојдоа да ни дадат поддршка и ни овозможија да го почувствуваме амбиентот кој само тие знаат да го направат“, напиша вечерва Вардар на својата фејбук-страница.

„Атмосфера која недостига на фудбалските борилишта и која многу ќе ни значи во остварувањето на нашите зацртани цели за експресно враќање во Првата лига“, додаваат во објавата.

Би можело да ве интересира

Вардар повторно има нов тренер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Новоматик Македонија ќе го финансира ФК Вардар со еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он