Прототипот на најновата генерација на СУВ моделот на „Хонда“ е снимен во пустината Мохаве, во САД.
Се очекува „CR-V“, што на пазарите треба да пристигне до крајот на 2017 година, да биде поголем од актуелната верзија и да ги ги преземе стилските елементи од најновите модели на „Хонда“, слично на кросоверот „HR-V“ и новиот „Цивик“ (со заедните стоп светла), чиј концепт беше прикажан во март, на саемот во Женева.
Фотографиите од маскираниот прототип не откриваат многу детали, а се претпоставува дека во прашање е варијанта за американскиот пазар, што стилски ќе се разликува во деталите од моделите за Европа.
Моторизацијата може да го опфати и 1.5-литарскиот турбо бензинец, што се користи во „Хонда HR-V“.
Базниот модел ќе се испорачува со погон на предните тркала, а во понудата ќе биде и опцијата со погон на сите четири тркала.
Премиерата на новата „Хонда ЦР-В“ се очекува на почетокот на 2017 година.