Снимањето на „Топ Геар“ во Аргентина прекинато поради „провокативна“ регистерска табличка

Од:

Екипата на популарната британската телевизиска програма „Топ Геар“, во која беа тројцата водители – Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј, пред време го напуштија снимањето на специјалната емисија во Аргентина, откако се соочија со протести во јавноста, како и со демонстрации пред хотелот во кој престојуваа.

Причината за „бегството“ била регистарската табличка на едно од службените возила кои се користени за снимањето на емисијата, за која се вели дека „асоцирала на Фокландската војна од пред 32 години“.

Табличката ва „Поршето“ на Кларксон имала број Х982 ФКЛ, при што бројката, наводно, асоцира на годината (1982) кога армиите на Аргентина и Велика Британија 70 дена војуваа, по инвазијата на Аргентиците врз Фокландите, што тие ги сметаат за своја територија, додека трите букви, го означуваат името на овие острови во Јужниот Атлантик.

Претставник на Би-Би-Си во Лондон потврди денеска дека е прекинато снимањето во Аргентина, но ги отфрли како „сосема неточни“ тврдењата дека причината за тоа се табличките на еден од автомобилоте.

Во објаснувањето на британската медиумска компанија се вели дека водителската тројка заминала од Аргентина, откако локалните власти во Ушуаја, на Огнената Земја, не им издале дозвола за снимање.

Кларкосн и другите, требаше во Аргентина да направат екслузиво возење по позатиот магистрален автопат Патагонија-40 што води до крајниот југ на Аргентина.

Медиумите во Јужна Америка, сепак, се држат до другата верзија за предвременото заминување на „Топ Геар“, врзувајќи го тоа со „инцидентот со табличката“. Овие медиуми тврдат дека регистарската табличка на тројцата Британци предизвикала гневна реакција на локалните политичари и воени ветерани кои бараа од аргентиските власти да им наредат да си замнинат од земјата.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ