Холандскиот интернационалец и еден од најзаслужните за титулите на Интер во последните сезони, е пред потпишување договор со трофејниот турски фудбалски клуб Галатасарај, јавуваат медиумите во Италија.
Интер од продажбата на Снајдер ќе заработи 10 милиони евра, додека играчот би добивал годишна плата од шест милиони со дополнителни премии како бонус за евентуални освоени титули.
Според претседателот на миланскиот клуб, Масимо Морати, од Снајдер зависело дали ќе останел во Интер или ќе си заминел. Тој не ги прифаќаше условите од управата, туку поставуваше свои барања за продолжување на договорот со Интер. Најголемиот дел од есенската полусезона, холандскиот интернационалец во сино-црниот дрес, не беше во составот на тренерот Андреа Страмачони.