Смолинг: Меси знае дека не го удрив намерно

Од:

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг изјави дека не го удрил намерно Лионел Меси и дека капитенот на Барселона е свесен за тоа.

– Разговаравме по натпреварот. Меси знае дека тоа беше несреќен случај. Се ракувавме. На теренот се води беспоштедна борба, сите се трудиме да бидеме најдобри. Но, надвор од него има почитување меѓу фудбалерите, изјави Смолинг.

При еден воздушен дуел меѓу него и Меси,во средата за време на четвртфиналниот меч од Лигата на шампионите, Смолинг со раката го поткачи Аргентинецот в лице, при што му го повреди носот и очниот капак.

Поради повредата, Меси ќе биде надвор од теренот и неизвесен е неговиот настап на реваншот со Манчестер јунајтед закажан за 16 април.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он